Драган Даравелски / Фото Јутуб

Основен суд Куманово: Не настапила застареност во случајот на Даравелски

Застареноста за извршување на изречената казна затвор за Драган Даравелски не настапила, соопшти надлежниот, Основен суд од Куманово, по неговото вчерашно приведување на граничниот премин Табановце и шпекулациите за целисходноста на неговото апсење.

– По доставување на пресудата на Основен суд Скопје I Скопје К бр.809/05 правосилна од 26.03.2008 година, со која Драган Даравелски од Куманово, е осуден на казна затвор во траење од седум години, во Основен суд Куманово како надлежен суд за извршување на изречената казна затвор, оформен е предмет за извршување на казната. Согласно чл.109 ст.1 т.3 од КЗ застарување на извршување на казна затвор над 5 години настапува по протек на 10 години од правосилноста на пресудата со која казната е изречена. Согласно на чл.111 од КЗ застарувањето се прекинува со секое дејствие на надлежен орган што се презема заради извршување на казната, а со секој прекин застарувањето почнува повторно да тече. Основен суд Куманово од прием на правосилната пресуда преземал повеќе дејствија со кои текот на застарувањето на извршувањето на казната е прекинувано. Согласно ст.5 од чл.111 од КЗ застареност настапува во секој случај кога ќе помине два пати онолку време колку што според законот се бара за застареност на извршување на казна. Со оглед дека од последното преземено дејствие од страна на судот нема изминато период од десет години, ниту пак изминало два пати онолку време колку што според законот се бара за застареност на извршување на казна, застареноста не настапила – се вели во соопштението од судот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот