Бујар Османи министер за надворешни работи во утрински брифинг / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Османи за УБ: Спомениците не се деструктивни, деструктивна е блокада на Собранието од ВМРО-ДПМНЕ

Во Липково се промовираше кула споменик на жртвите на УЧК, градоначалникот на Куманово исто така најави споменик но за жртвите од УЧК, а Тодор Петров гради крст од 60 метра.

-Тоа не треба да се земе како натпревар туку како нешто што нѐ доведе до оваа ситуација. Ова треба да се гледа како мост за спојување на луѓето, без навреда кон кого било, туку само треба да се почитуваат жртвите, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи за Утрински брифинг.

ВМРО-ДПМНЕ најавваат протести и блокирање на Парламентот. Османи вели дека тоа е деструктивно, а на социјалните медиуми повеќе се зборува за споменик направен од пари на граѓаните, а помалку за овој процес од кој ќе страдаат сите граѓани на Македонија.

-Владата е единствена и ништо нема да ја поколеба во остварување на целите. Јавноста со право е фрустрирана поради економските текови кои се поврзани со надворешни фактори, како и од пандемијата и од забавувањето на европските текови, но работа на Владата е да ги води и предводи работи а не да јава на расположенијата на граѓаните. Граѓаните се фрустрирани, но тие гледаат појасно од многу политичари, вели Бујар Османи за Утрински брифинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот