Бујар Османи, министер за надворешни работи/Фото; МИА

Османи: Определбата на Северна Македонија за членството во ЕУ е конзистентна

Определбата на Северна Македонија за членството во ЕУ е конзистентна и постојана. Новиот геополитички контекст по руската агресија во Украина само ги потврди нашите континуирани аргументи дека прашањето за проширувањето е пред се безбедносно прашање за регионот, порача министерот за надворешни работи, Бујар Османи по средбата со сојузна министерка за ЕУ и уставни прашања на Република Австрија, Каролине Едштадлер, во одговор на прашање.

Според министерот, определбата на земјава за членство во ЕУ е конзистента, пред се затоа што државата е георгафски, културно и историски дел од Европа и оттука припаѓа и на Европската Унија.

-Потребата за консолидација на Европската Унија со овој дел од Европа кој е опкружен со земји членки, а не е дел од Европската Унија е исклучително важно за самата Европска Унија. Оттука, ние сметаме дека членството на регионот, но на Северна Македонија пред се, е од додадена безбедносна, политичка и економска вредност за самата ЕУ, рече Османи.

Тој напомена дека во овие моменти треба да бидеме сензитивни, затоа што пред се украинските цивили страдаат од агресијата која што се случува, и тоа го има приоритетот на нашето, па и на светското внимание.

-Меѓутоа, мора да се грижиме и за вулнерабилните точки на континентот како што е Западниот Блакан. Сметам дека не се менува интензитетот на нашата желба за членство во ЕУ, но свесноста верувам на соседите па и на земјите членки дека ова е важно не само за нас, туку е важно и за Европската Унија од безбедносен, политички и економски аспект, рече Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот