Бујар Османи / фото: ТВ21 / скриншот

Османи: Ни праќаат „емисари“ од ВМРО-ДПМНЕ, да сме влезеле во владата зашто Влен губи

Владата е во паника и праќа емисари во ДУИ да влеземе ние во владата после изборите, затоа што ги гледаат резултатите на Влен, изјави Бујар Османи, кандидат за градоначалник на Чаир од ДУИ. Според него, тоа што во последно време има бран синхронизирани изјави во кои се наведува дека нема да има парламентарни избори, претставувало „знак на паника за очекуваниот пораз на Влен“.

-Кога координирано излегуваат со исти изјави, дека нема да има парламентарни избори, тоа е знак на паника. Тие се во паника. Секој ден ни испраќаат емисари за ние да влеземе во владата по изборите во октомври. Директно од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што ги гледаат резултатите, дека се три спрема еден,  рече Османи.

Тој го отфрли ваквиот модел на како што рече „мешетарење“ – „излези ти, влези ти“ по желба на премиерот.

-Нема поголемо понижување од тоа премиерот да ти ги избира претставниците, рече Османи.

-Ми пречи што премиерот продолжува да праќа двојни пораки, едни за јавност, други преку посредници. Со порака до нас, дека по изборите треба Владата да се реконфигурира. Ние враќаме и јавно и преку посредниците дека ја поминува црвената линија. Нема поголема навреда од тоа да му кажете на албанскиот народ ‘едни ќе земам, други ќе оставам’. Не знам дали тоа го прави свесно или не е свесен кој нерв го допира кај Албанците. Таква навреда дека премиерот ќе земе некои Албанци, ќе извади некои Албанци, има допрено до сржта на достинството. Јас ја гледам фрустрацијата. Во Чаир има општонароден отпор кон него,  рече Бујар Османи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот