Бујар Османи / Фото: Фејсбук

Османи не негираше дека имал средба со Груевски во Будимпешта

Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, не негираше дека имал средба со поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски во Будимпешта.

Кога новинар го праша дали имал или немал средба со Груевски, Османи се повика на „класифицирани“ информации.

„Средбите на министрите за надворешни работи се класифицирани средби и по закон не можат да се откријат. Дури и да имало нешто такво, тоа ќе било во рамките на функцијата на министерот за надворешни работи“ рече Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот