Бујар Османи / Фото: Фејсбук

Османи јавно го повика Меџити да си поднесе оставка

Кандидатот за градоначалник на Чаир од  ДУИ, Бујар Османи, денеска упати критики до  министерот за животна средина Изет Меџити  и негов противкандидат за градоначалник на Чаир, и јавно побара да си даде оставка од функцијата, обвинувајќи го дека не само што ги користи државните ресурси за сопствена кампања, туку и директно го загрозува здравјето на граѓаните со својата неактивност.

Османи истакна  дека во ситуација кога јавноста очекуваше реакција, инструкции и информации од Министерството за животна средина, Меџити не се појавил ниту пред јавноста, ниту на терен, додека граѓаните во Трубарево морале да се евакуираат доцна во ноќта, а целиот град се задушувал во отровен чад.

Најпрво, сметам дека тој требаше да поднесе оставка уште истиот ден кога се кандидираше, за да биде натпреварот еднаков. Меџити, наместо да ја напушти функцијата кога влезе во изборна трка, остана министер со полн капацитет и буџет на располагање, нешто што е длабоко неморално и нефер. Се кандидира со платата на министер и прави кампања во Чаир со ресурсите на министерството – рече Османи.

Меџити уште не знае какви отрови се шират во воздухот по пожарот во Трубарево, денеска ќе се знаеле резултатите

Уште посериозна причина за оставка на Меџити , како што рече, е неспособноста да се справи со еколошката и здравствената криза по пожарот во Трубарево, кога цело Скопје беше обвиено со токсичен чад.

Затоа ова е и повик за неговата оставка. Тој покажа дека не ја врши својата работа како што треба, го загрозува здравјето на луѓето, а притоа ги злоупотребил државните ресурси за изборна кампања, рече Османи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот