
Османи ја обвини опозицијата за евентуалното одвојување на С.Македонија од Албандија на патот кон ЕУ
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, смета дека Франција е недвосмислена во поддршката на Македонија и Албанија кон нивниот евроинтегративен пат. На прашањето дали е можно да дојде до одвојување на тој пат, по изјавата на претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој во Тирана прецизира дека неговата земја ќе ја поддржи Албанија во процесот на европска интеграција, Османи со одговор:
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Дали ќе има одвојување – веќе треба да ги прашате од нашата опозициска партија во моментот. Топката е кај нас и уставните измени се моментот што ќе одлучува дали ќе има одвојување или продолжување на преговорите со ЕУ, заедно со Албанија. Тоа е прашање засега за опозицијата, а за кратко време ќе биде и за сите нас“, рече Османи.
„Мислам дека не треба да извлечеме некаква порака од изјавата на Макрон бидејќи тој беше и во билатерална посета на Албанија и оттука пораките беа наменети за Албанија, а не за регионот“, рече министерот.
Потенцира дека е оптимист за уставните измени.
„Јас сум оптимист дека ќе има уставни измени и дека нема да дојде до одвојување“, истакна Османи.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
28мин
-
32мин
-
36мин
-
54мин
-
58мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5