
Османи е убеден дека локалните избори во октомври „ќе ја свртат историската насока“
„Во животот на луѓето постојат малку моменти кога само еден ден ја определува насоката на историјата. Убеден сум, и имам многу аргументи, дека 19 октомври ќе биде токму таков ден, ден кога ќе се сврти историската насока,“ порача кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, на вечерашниот собир со граѓани.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Османи ја нарече актуелната изборна трка „најенергична и најзначајна кампања досега“ и порача дека 19 октомври не е само ден за избори во Чаир, туку ден за отпор и надеж.
„Ова е енергија на отпор и надеж. Ме потсетува на 1991 година, кога беше формирано првото општонационално албанско движење, но и на 2001 година, кога Албанците застанаа обединето,“ рече Османи, коментирајќи дека и сега целата пропагандна машинерија е насочена против најголемото албанско обединување по 2001 година – „Националната алијанса за интеграција“.
Во своето обраќање, Османи ги критикуваше актуелните политички процеси,кои според него биле за „поништување на суверенитетот на Албанците“.
„Ни го зедоа суверенитетот, правото самите да одлучуваме. Ни ја зедоа тапијата од нашата куќа. Од домаќини не претворија во потстанари во сопствениот дом“, рече тој, додавајќи дека понижувањето на идентитетот и достоинството го разбуди отпорот кај народот: „Кога ќе го згазиш достоинството, тогаш веќе го имаш турнат до ѕид, и тогаш се мобилизираат сите – и стари и млади, и партиски и непартиски“, рече тој.