Фото: МНР

Османи- Ал Сауд: Можност за продлабочување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Саудиска Арабија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска телефонски разговараше со колегата од Саудиска Арабија, принцот Фаисал бин Фархан Ал Сауд. Како што соопшти МНР, во фокус на разговорите биле можностите за продлабочување на билатералните односи, со посебен осврт на економската соработка и трговските врски.

Воедно, Османи се заблагодари за неодамнешната евакуација од Судан на четири државјани на Северна Македонија, како знак на солидарност и потврда на пријателството меѓу двете земји, додаваат од МНР.

Тие говореле и за состојбите во Блискиот Исток, при што Османи ги поздравил континуираните заложби на Саудиска Арабија во насока на постигнување решение на ситуацијата во Јемен.

Од Министерството информираат дека биле разменети мислења и за соработката меѓу двете земји на мултилатерален план, како и за актуелните надворешно-политички прашања и состојби.

Османи минатата година во ноември оствари прва официјална посета на Саудиска Арабија, каде се говореше за презентација на поволностите кои земјава ги нуди за странски инвеститори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!