
Османи: 50 отсто застапеност на жените во секое тело во Општина Чаир
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција, порача дека родовата еднаквост ќе биде темелот на секоја иднина општинска политика, нагласувајќи дека жените не смеат да бидат само дел од кампањите, туку рамноправни учеснички во одлучувањето и креирањето на политиките.
Препорачано
Османи го претстави својот стратешки принцип за идното управување со општината и еднакво вклучување на жените во политичките процес.
„50% застапеност на жените е минимумот што го гарантирам. Тој процент ќе биде застапен во секоја пора на политичкиот и институционален живот на Чаир во раководствата, комисиите и сите процеси на одлучување. Само така можеме да се движиме напред со еднаквост, со заемно почитување и со користење на потенцијалот на секоја жени“, рече Османи.
Тој истакна дека родовата еднаквост не е само вредност, туку предуслов за развој и демократија. Тој е уверен дека ваквиот пристап нуди поинаква структура на еднакво вклучување на жените во креирањето на политиките, но и во нивното реализирање, за што резултатите ќе бидат видливи многу брзо.
„Нема напредок ако половина од општеството е оставено на маргините. Во мојот Чаир, жените ќе бидат дел од одлуките, дел од решенијата и дел од секоја промена“, истакна Османи.