
Ослободете се од непријатниот мирис на правосмукалката со овие едноставни трикови
Често се случува по долготрајна употреба, правосмукалката да почне да испушта непријатни мириси, што може да ја уништи свежината на просторот што го чистите. Доколку сте го забележале овој проблем, постои едноставен и ефикасен начин да го решите, без да потрошите многу време или пари.
Препорачано
Првиот чекор е темелно да го исчистите филтерот на правосмукалката, бидејќи често собира прашина и нечистотија што можат да предизвикаат непријатни мириси. Откако ќе го исчистите филтерот, земете неколку влошки и накапете малку есенцијално масло по ваш избор врз нив. Мирисите како лаванда, цитрус или еукалиптус се особено освежителни и пријатни.
Ставете ги влошките со етерично масло во филтерот на правосмукалката, за да може просторијата за време на чистењето да се исполни со пријатен мирис. Алтернативно, можете да користите малку омекнувач за алишта за сличен ефект.
За дополнително долготрајна свежина, се препорачува употреба на сода бикарбона, која е позната како природен апсорбер на мириси. Ако вашата правосмукалка користи кеса, едноставно ставете мала количина сода бикарбона во кесата. Ако нема кеса, посипете ја содата директно на подот и усисајте ја – содата ќе ги апсорбира сите лоши мириси и ќе ѝ помогне на вашата правосмукалка да остане свежа.
Овој практичен трик не само што ќе ги отстрани непријатните мириси од вашата правосмукалка, туку ќе го направи и вашиот дом посвеж без потреба од скапи освежувачи на воздух.