фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Оскар Пјастри победник на Формула 1 трката за Големата награда на Холандија

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, победи на Големата награда на Холандија, додека неговиот тимски колега Ландо Норис се повлече поради технички проблеми.

Пјастри ја оствари својата деветта победа во кариерата во Зандворт, а седма во тековната сезона, зголемувајќи го своето водство во генералниот пласман на девет трки до крајот на шампионатот.

Австралиецот го искористи максимално проблемот на Норис и сега има водство од 34 поени пред тимскиот колега во генералниот пласман.

Второто место на Големата награда на Холандија го освои Макс Ферстапен од Ред Бул, додека Исак Хајар од Рејсинг Бул го постигна својот прв подиум во Формула 1, завршувајќи како трет.

Четвртото место му припадна на возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, возачот на Вилијамс, Александар Албон, ја помина целта на петтото место, а возачот на Хаас, Оливер Берман, го освои шестото место.

Поени освоија и возачите на Астон Мартин, Ленс Строл и Фернандо Алонсо, Јуки Кунода од Ред Бул и Естебан Окон од Хаас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот