„Оруч рејс” го напушти грчкиот континентален гребен

Турскиот брод за сеизмички истражувања „Оруч рејс”, од рано утрово плови североисточно и повеќе не е во грчкиот континентален гребен, според медиумите во Грција, туку веќе е навлезен во кипарскиот, но и во рамките на издадената навигациска информација (Navtex), која Грција ја смета за нелегална, јави дописничката на МИА од Атина.

Онлајн изданието на весникот „То вима” коментира дека турскиот брод и понатаму, внимателно го следи грчката флота.

Ова е втор пат „Оруч рејс” да го промени правецот и да излезе од, како што тврди Атина, грчкиот континентален гребен.

Минатата седмица следеше речиси идентична рута како и денешната, но наместо да продолжи кон пристаништето во Анталија, одново се врати во делот јужно од грчките острови Родос и Кастелоризо.

Турција смета дека издадената навигациска информација (Navtex) за сеизмички истражувања во Источниот Медитеран за периодот од 10 до 23 август е легална и се однесува на турскиот континентален гребен, наспроти ставот на Грција, која тврди дека е нелегална и опфаќа дел од грчкиот континентален гребен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!