Колаж со дела од колекцијата на Влатко Милошевски

Оригинални дела од странски сликари во колекцијата на Влатко Милошевски ќе бидат изложени во Скопје

Изложбата „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950“ со дела од приватната колекција на Влатко Милошевски на 4 април, во 19:30 часот, ќе биде отворена во Музејот на град Скопје.

Колекционерската авантура на Влатко Милошевски почнала една декемвриска вечер во 2004 година, кога од една аукциска куќа во Питсбург, САД, купил три минијатури од српскиот сликар Никола Петковиќ (1893 – 1952), кои тој ги насликал во Охрид во периодот од 1913 до 1915 година, каде што бил учител.

Наредното дело во колекцијата бил акварел на германскиот уметник Георг Ханел (1879 – 1945), насликан во Прилеп, каде што бил војник за време на Првата светска војна. Во следните 20 години колекцијата се проширила на над 200 оригинални дела од странски сликари кои го посетиле географскиот регион Македонија во периодот од 1850 до 1950 година и создале уметнички дела инспирирани од македонскиот пејзаж, од луѓето или од значајни историски настани.

На изложбата во Музејот на град Скопје ќе бидат претставени само половина од делата од колекцијата на Милошевски. Другата половина е во неговиот дом во Холандија. Тој се надева дека еден ден целата колекција ќе се врати „дома“ – во Македонија, каде што ќе биде трајно достапна за јавноста.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 274, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 29-31.3.2025)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот