Фото: СП. / Драган Митрески

Орце Камчев излегува од притвор, Апелација му ја прифати гаранцијата од близу 11 милиони евра

Бизнисменот обвинет во случајот „Плацови на Водно“, Орце Камчев, излегува од затворот „Скопје“ во Шутка, објави „А1он“. Кривичниот совет на Апелација одлучи да ја прифати гаранцијата од скоро 11 милиони евра, а судот ќе му го задржи пасошот на Камчев.

Според Апелација, сега ќе треба да се завршат процедурите за запишување на хипотека, по што Камчев ќе се брани од слобода во случајот „Плацови на Водно“.

Со оглед на тоа дека тој од пред неколку дена е на лекување во болницата „Систина“, каде ја дочека Новата година, Камчев практично нема да се врати во затворот, туку по третманот ќе може да оди директно дома .

Оваа гаранција е за шестпати повисока од онаа која Камчев ја понуди во септември минатата година, кога судот ги одби 1,8 милиони евра. Драстично зголемената гаранција доаѓа откако Сашо Мијалков со скоро иста сума, успеа да ги убеди судиите во Апелација дека нема да избега ако се брани од слобода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!