Орце Георгиевски - градоначалник на Кисела Вода / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Ѓорѓиевски само службено комуницира со Арсовска: Oваа година немам опструкции од неа

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски при гостување во емисијата „Утрински Печат“ зборуваше и за опструкциите кои ги правела градоначалничката на Скопје Данела Арсовска врз него и општината Кисела Вода. Тој истакна дека сегашните нивни односни се само службени, што пак тоа не било и случај во минатата година.

– Во новата година имаме службени релации и односи со г-ѓа Арсовска. И не можам да кажам дека во новата година имам опструкции од неа, што не беше случај тоа во изминатата година. Сметам дека е недозволиво да се кочат проекти и замисли од било кој на општините а не особено од градоначалник на Скопје за проекти кои се поврзани за развој на општините. Се надевам дека соработката со Арсовска оваа година ќе биде подобра од минатогодишната – истакна кратко Ѓорѓиевски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот