Виктор Орбан и Урсула фон дер Лајен / Фото EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Орбан: Веќе една деценија ги штитиме Унгарија и Европа од нелегална миграција

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Унгарија веќе една деценија се штити себеси и Европа од нелегална миграција, откако пред десет години ја „заклучи“ својата граница.

„Тој потег предизвика гнев и закани во Брисел  стигматизација на Унгарија во главните градови на Запад, но ние истрајавме, ја затворивме јужната граница и рековме дека само оние на кои им дозволуваме можат да стапнат на унгарска почва“, рече унгарскиот премиер во објава на Фејсбук, пренесува МТИ.

Орбан оцени дека Берлин, Стокхолм, Виена и Париз биле сведоци на закана за јавната безбедност во последните десет години, додавајќи дека орди мигранти ги тероризираат жителите во тие градови и дека експлозиите и убиствата сега се секојдневна рутина.

„Унгарија стана една од најбезбедните земји во Европа. Бројот на злосторства против човечкиот живот или материјалниот имот е на ниско ниво, а бројот на нелегални мигранти во земјата е нула. Но, бирократите од Брисел сè уште сакаат да управуваат со миграцијата наместо да ја запираат, уценувајќи ги и казнувајќи ги оние што не се покоруваат. Унгарија е казнета со еден милион евра дневно“, рече Орбан.

Тој вети дека унгарската влада, како што вели, ќе продолжи со својот отпор во Брисел и ќе ја зачува Унгарија како земја без мигранти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот