Виктор Орбан/ Фото: EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Орбан: Трамп ја изеде Фон дер Лајен за… појадок

Во меѓувреме, во подкаст емитуван утрово, унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека договорот потпишан од ЕУ во неделата е полош од оној постигнат во мај меѓу САД и Велика Британија.

„Ова не е договор… Доналд Трамп ја изеде фон дер Лајен за појадок, тоа се случи и се сомневавме“, рече Орбан.

„Претседателот на САД е тешкаш во преговорите, додека претседателката е лесна категорија“, нагласи унгарскиот премиер.

Орбан долго време е во конфликт со раководството на ЕУ и неодамна се закани дека ќе го блокира новиот буџет на ЕУ доколку средствата од ЕУ не бидат ослободени за неговата земја.

Договорот беше објавен за време на состанокот меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Шкотска.

Франција незадоволна од договорот со САД, Бајру го нарече „мрачен ден“ за Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот