Виктор Орбан и Урсула фон дер Лајен / Фото EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Орбан: Членството во ЕУ се базира на заслуги, а не на безбедносна гаранција

Членството во Европската Унија не е гаранција за безбедност, туку процес базиран на заслуги, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, одговарајќи на изјавата на финскиот претседател Александар Стуб дека најсилната гаранција за безбедноста на Украина е членството во ЕУ.

„Членството во ЕУ не е гаранција за безбедност, туку процес базиран на заслуги. Доколку тоа беше навистина најсилната гаранција за безбедност, тогаш Финска немаше да има причина да се приклучи на НАТО. Забрзаното пристапување на Украина во ЕУ немаше да ја зајакне нашата Унија – тоа директно би ја вовлекло заканата од војна во неа. Ние предлагаме поразумен пристап“, рече Орбан во објава на мрежата X.

На заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев, Стуб вчера изјави дека најсилната гаранција за безбедност и најсилниот пример за стратешкиот пораз на Путиновата Русија е членството на Украина во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот