фото: EPA-EFE/ASH ALLEN

„Опта“ го гледа Манчестер сити како најголем фаворит за титулата во ЛШ

Сајтот за спортска статистика и анализа „Опта“ ја објави листата на фаворити за освојување на фудбалската Лига на шампионите за сезоната 2024/25.

„Опта“ го искористи својот суперкомпјутер кој 10.000 пати ја симулираше сезоната 2024/25 во ЛШ за да дојде до најточни заклучоци.

Во предвид беа земени неколку статистики, како и нов систем на натпреварување без групна фаза.

Прв фаворит е Манчестер сити со 25,3 отсто, втор е бранителот на титулата Реал Мадрид со 18,2 отсто, а трет е Интер со 10,9 отсто.

На четвртото место е тимот на Арсенал со 6,3% шанси, а на петтото е Баер Леверкузен со 5,4% шанси. Покрај нив, тука се и Барселона со 5,2%, Ливерпул со 4,2% и Баерн со 4,1%, а истиот процент го има и ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот