Фото: UEFA

„Опта“ ги пресмета фаворитите за трофејот во ЛШ: На Клуб Бриж му дава повеќе шанси отколку на Атлетико Мадрид и Јувентус

Во пресрет на новата сезона во најелитното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите, аналитичарите од статистичката куќа „Опта“ ги пресметаа шансите на екипите за освојување на трофејот.

Според нивната анализа, најголем фаворит е Ливерпул со 20,4% шанси, додека веднаш зад него се наоѓа Арсенал со 16%, а актуелниот европски шмпион ПСЖ доби 12,1% веројатност да го одбрани трофејот.

Она што најмногу привлече внимание кај фудбалската јавност е проценката за Реал Мадрид. Клубот со најмногу титули во ова натпреварување доби само 5,8% шанси, што многумина го сметаат за навредливо, имајќи ја предвид и историјата и квалитетот на тимот.

Прогнозата на „Опта“ наиде на бројни критики, не само поради „потценувањето“ на Реал, туку и поради неколку други спорни проценки, меѓу нив и онаа дека Клуб Бриж има поголеми шанси за титула отколку Атлетико Мадрид, Јувентус или Аталанта.

Фото: Screenshot

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот