Фото: Тетовоинфо.мк

Општина Тетово ангажирала 43 луѓе со договор за дело, вкупно 135 досега во 2022

Општина Тетово соопшти дека вработила 43 луѓе со договор за дело за третиот квартал од 2022 година. Според нивната информација од јули до септември меѓу склучените договори 29 се однесуваат за нови ангажмани, како пожарникари во Територијалната протвипожарна единица (ТППЕ) како најнужна потреба.

-Поучени од искуството со пожарите и поплавите кои ги имавме изминатиот период, а никаква помош и поддршка од Владата, моравме да се фокусиравме на засилување на потенцијалот и работна сила во тетовската пожарна, која имаше исклучително тешки задачи периодов.Токму со овие 29 договори во ТППЕ, успеваме да го надминеме недостатокот на човечки ресурси, а со тоа гарантираме поуспешна работа на нашите херои и поголема сигурност за граѓаните, велат од Општина Тетово.

Останатите ангажирани се во образование и агротуризам.

-Ангажиравме и експерти за агротуризам, откако увидовме дека овој сектор бил тотално заспоставен од претходното раководство. Земјоделството и руралниот туризам добиваат безрезервна поддршка. Неколку договори се склучени и во секторот Образование, каде исто работиме со полна пареа за подобри услови на наставниот кадар и учениците. Сите вработени со договор на дело, на крајот од секој месец уредно доставуваат извештаи за сработеното, се вели во информацијата објавена на општинската интернет страница.

Општината за првите три месеци објави список за склучени 78 договори на дело, додека за второто тромесечје ангажирала 14 луѓе по истиот основ. Со најновите, вкупно 135 луѓе работат од годинава за Општина Тетово со договор на дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот