Бобан Стефковски, градоначалник на Гази Баба/Фото: Фејсбук

Општина Гази Баба со реакција за истражувањето на ЦГК: Не сме го ангажирале адвокатот Влатко Ристовски

Општина Гази Баба реагираше со соопштение по најновото истражување за адвокатски трошоци на општините и министерствата, изведено од Центарот за граѓански комуникации(ЦГК).Според ЦГК, општина Гази Баба годинава исплатила нешто над 6 милиони денари на адвокатот Влатко Ристовски за неговите услуги.

Во соопштението на општината, тие информираат дека парите не биле наменети за адвокатските услуги на Ристовски, со тоа што тврдат дека средствата по судска наредба биле платени на Друштвото за градежништво, промет, транспорт и услуги „Адонис“ ДООЕЛ Скопје.

-Финансиските средства се исплатени на Адвокатската канцеларија врз основа на склучен договор за отстапување на побарување во кој Друштвото за градежништво, промет, транспорт и услуги “Адонис” ДООЕЛ Скопје како отстапувач, го пренесува целокупното побарување што го има спрема општина Гази Баба на Адвокат Влатко Ристовски од Скопје, како примач.- се вели во соопштението.

Тие истакнаа дека општина Гази Баба во изминатиот период има ангажирано адвокат, кој како правен застапник пред надлежните институции има цел да ги брани и застапува интересите на општината за предмети кои се однесуваат за постапување на општината пред октомври 2021 година.

Од општината додадоа дека за професионалното ангажирање на адвокат има исплатено средства согласно тарифник за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите во Македонија.

Повеќе од 2 милиони евра буџетски пари исплатени за адвокати минатата година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот