Фото: Фејсбук

Општина Центар со еднократна парична помош за семејствата со новороденчиња

Во Паркот на Франкофонијата, денеска 100 семејства со новореденчиња добија еднократна парична помош од Општина Центар во вредност од 7.000 денари.

-Да се стане родител е најголемата чест, но и најголемата обврска. Затоа сме тука – да ви подадеме рака, да ве охрабриме и да ве потсетиме дека не сте сами на овој пат. Грижата за децата не е само семејна одговорност – тоа е наша заедничка мисија. Како локална самоуправа, знаеме дека секој ден со дете е предизвик, но и благослов. Затоа, редовно, секоја година доделуваме еднократна помош од 7.000 денари за да ви го олесниме почетокот, барем малку – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Еднократната помош е дел од редовната поддршка што Општина Центар секоја година ја доделува на новите родители како дел од проектот за првична финансиска и морална поддршка на семејствата со новороденчиња.

Освен финансиската поддршка, на семејствата им беа доделени и подароци со цел дополнително олеснување на првите месеци од родителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот