Ученици во основно училиште/Илустративна фотографија:ARNE DEDERT / AFP / Profimedia

Општина Центар ќе ангажира лични асистенти за ученици со попреченост, ќе добиват по 15.000 денари месечно

Општина Центар и оваа учебна година, во рамки на проектот „Образование за сите“,  ќе ангажира лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби.

Денеска за таа цел е распишан јавен повикна кои можат да се пријават граѓани со завршено најмалку средно образование, а предност ќе имаат кандидати со високо образование од областа на наставата, психологијата, педагогијата, дефектологијата и социјалната работа, како и оние со претходно искуство во работа со деца со попреченост.

Избраните кандидати ќе бидат ангажирани од октомври за период од осум месеци, ќе работат по 20 часа неделно и за тоа ќе добиваат месечно по 15.000 денари.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски истакна дека личните асистенти се клучни за успешен инклузивен образовен процес.

Нашите асистенти им помагаат на учениците полесно да се адаптираат и функционираат во училишната средина. Тоа многу значи, не само за децата, туку и за родителите и наставниците. Морам да потенцирам дека сме единствена општина во Скопје што, и покрај сите предизвици, продолжува самостојно, од свој буџет, да го спроведува овој проект, рече Герасимовски.

Јавниот повик е отворен пет работни дена, а пријавувањето се врши во Архивата на Општина Центар, барака 6, секој работен ден од 9 до 15 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!