Фото: Фејсбук

Општина Бутел со еднократна поддршка за луѓето со минимални пензии

Oд Општина Бутел информираат дека е објавен Јавен повик за доделување на еднократна финансиска помош во висина од 2.000 денари на пензионерите со минимална пензија, сподели градоначалникот Дарко Костовски.

Тој додаде дека повик е отворен до 3 август оваа година, а потребната документација може да се достави секој работен ден во просториите на Општина Бутел, од 09:00 до 15:00 часот, а исплатата ќе биде на принцип “прв дојден – прв услужен”.

Право на финансиска поддршка ќе остварат граѓаните кои имаат постојано живеалиште на територија на Општина Бутел и примателите на старосна, семејна или инвалидска пензија чијшто износ не е повисок од 18.192 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот