Опожарен трансформатор на ЕВН во Штипско

Во штипското село Криви Дол, вчеравечер околу 21:50 часот избувнал пожар на трансформатор во сопственост на ЕВН Македонија.

Според информациите на полицијата, при инцидентот нема повредени, а екипа од Територијалната противпожарна единица Штип веднаш излегла на терен и успешно го локализирала и изгаснала пожарот.

Причините за избувнувањето на огнот засега не се познати. Надлежните институции најавија дополнителна проверка и увид на местото на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот