Фото: JESHOOTS / Pexels

Опасна измама ја мачи Германија- се повеќе граѓани остануваат без возачки дозволи

Во Германија, злоупотребата на системот за сообраќајни казни се открива сè почесто. Навидум мала дупка во постапката им овозможува на измамниците да ги префрлат своите прекршоци на туѓа сметка, без жртвата да знае ништо, сè додека не биде предоцна.
Еден од најпознатите случаи е оној на Дастин Сенебалд од Дизелдорф. Без негово знаење, дури осум сообраќајни прекршоци му се припишани, иако тој не учествувал во ниту еден од нив. Сè започна кога сторителите го наведоа неговото име како возач, внесувајќи фиктивни адреси, па затоа официјалните известувања никогаш не стигнаа до него.

Тој дозна за целата измама дури кога ја доби наредбата за одземање на возачката дозвола. Сенебалд веќе го имаше максималниот број казнени поени во централниот регистар во Фленсбург. Тој успеа да ја докаже својата невиност дури откако ангажираше адвокат.

– Еден поглед на фотографијата од радарот би бил доволен за да се види дека не сум јас – рече Сенебалд.

Проблемот е што германските власти не ги проверуваат автоматски податоците, ниту пак ги проверуваат фотографиите или адресите внесени во формуларите. Градот Дортмунд дури и официјално изјави дека систематската проверка на сите податоци би била „премногу тешка“.

Експертите предупредуваат дека ако системот остане ранлив, може да се случи лавина од слични случаи, па дури и сериозна дестабилизација на сообраќајното право, пишува Феникс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот