Опасен вирус пронајден и кај лилјаците во Австралија – така и короната излезе од контрола

Експертите предупредуваат дека смртоносниот вирус пронајден кај љиљаците во пештерите во Јужна Австралија е многу опасен за луѓето, и дека може да ги убие ако не се лекува, па здравствените власти во Јужна Австралија со ова соопштение излегоа денеска, повикувајќи го населението да избегнува било каков контакт со овие животни, објави Дејли Мејл.

Докторката Луиса Флуд од Одделението за контрола на болестите при министерството за здравство изјави дека ова е третпат како Лисавирусот (АБЛ) е пронајден кај лилјаци во оваа држава.

-АБЛ е болест која може да биде пренесена врз луѓето со каснување, или доколку лилјакот ги изгребе, а доколку треманот на каснатото лице не почне веднаш по појавата на симптомите, исходот може да биде фатален, вели д-р Флуд.

Иако само еден отсто од лилјаците ја имаат оваа болест, лекарката објаснува дека последните случаи се загрижувачки и важен потсетник дека лилјаците треба да ги чуваат соодветно обучени и вакцинирани тренери.

-Иако развојот на АБЛ болеста може да се спречи со соодветна санација на касното место или гребаницата, најдобро е да се избегнува контакт со нив, истакна докторката.

Од друга страна Мари Кар, доктор од Одделението за примарна индустрија ги предупреди сопствениците на домашните миленичиња да ги држат подалеку од лилјаците.

-Доколку се посомневате дека вашето животно е каснато или дека има гребаница од лилјак, ве молам контактирајте го вашиот ветеринар или Центарот за контрола на животинските болести, рече таа.

Минатата година се регистрирани 9 случаи кога луѓе биле изложени на АБЛ и сите случаи се третирани и од претпазливост добиле вакцина против беснило. Секој кој има гребаница или е каснат од лилјак треба раната да ја чисти барем пет минути и веднаш да нанесете антисептик, порачаа експертите.

Што е Лисавирус (АБЛ)?

Вирусот на беснило и АБЛ припаѓаат на групата лисавируси кои обично се пренесуваат преку каснување од заразени животно. Предизвикуваат беснило кое го погодува централниот нервен систем и обично завршува со фатален исход. Светската здравствена организација проценува дека секоја година од беснило умираат повеќе од 55.000 луѓе.

Само три случаи на зараза и смрт на лица со АБЛ се регистрирани кога вирусот е идентификуван во 1996 година. Сите три се забележани во Квинсленд.

Инаку, како главен виновник за пандемијата од коронавирус од кој починаа милиони луѓе, најчесто се издвојуваат токму лилјаците. Многумина сметаат дека токму лилјаците се преносители на ковид-19 и дека тој вирус од лилјаците преминал на луѓето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!