др. Мери Пешевска / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“

Онкологот Мери Пешевска, вработена на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје, денеска призна вина во случајот „Онкологија“.

Таа изјави дека не е сигурна дали лично ја продолжувала терапијата за седумтемина пациенти за кои е обвинета, бидејќи нејзиниот печат и лозинка стоеле на шалтер и биле користени од практиканти.

„Совесно и одговорно тврдам дека мојата лозинка и печатот сум ги оставила на шалтер и прифаќам вина,“ рече Пешевска.

За разлика од неа, поранешниот директор на Клиниката, Никола Васев, претходно изјави дека не се чувствува виновен.

Во судницата присутни се и останатите обвинети, онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.

Васев свесно ги прекршувал меѓународните медицински стандарди и пациентите добивале штетни терапии, тврди Обвинителството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот