twitter/Channel Africa

Олимписки шампион се бори со коронавирусот: Ова не е шега, внимавајте на здравјето

Поранешниот олимписки шампион и светски рекордер во пливање, Јужноафриканецот Камерон ван дер Бург,го сподели со јавноста своето искуство во борбата со коронавирусот. Тој последните две недели се бори со коронавирусот кој на него остави последици.

– Веќе 14 дена се борам со вирусот. Ова е најлош вид на вирус со кој сум се сретнал во својот живот. Јас сум здрава личност со одлични бели дробови, некој кој е млад и живее здраво, но се уште се борам со заморот и константната кашлица. Исцрпен сум со часови по било каква физичка активност – открива 31-годишниот пливач кој на ЛОИ во Лондон 2012 година стана олимписки шампион на 50 и 100 метри градно.

Поранешниот светски рекордер на 100 метри градно стравува дека многу спортисти во желбата да го остварат олимпискиот сон, го ризикуваат своето здравје, а со тоа и животот.

– Се додека Олимписките игри не се одложат, секој спортист ќе тренира и ќе го ризикува сопственото здравје, а исто така влегува и во непотребен ризик. Ве молам, грижете се едни за други бидејќи здравјето е на прво место. Ковид-19 не е шега – вели Ван дер Бург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот