Олаф Шолц / Фото: ЕПА

Олаф Шолц: Не треба да брзаме со забрана на АФД

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази загриженост за растечката сила на крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), но предупреди на опасноста од брза одлука за забрана на партијата.

На конгрес во Хановер, Шолц нагласи дека „процесот на забрана не треба да се брза“ откако Сојузниот уставен суд ги отфрли неодамнешните барања за забрана на АФД, објави германскиот Штерн.

Шолц додаде дека класификацијата на АФД од страна на Федералната канцеларија за заштита на Уставот била внимателно подготвена и дека „многу луѓе мора темелно да ги проучат документите“.

Канцеларот истакна дека подемот на АФД „длабоко“ влијае врз него како граѓанин и како политичар, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот