Редици пред почетокот на Октоберфест во Минхен/Фото: EPA/ANDREAS GEBERT

Октоберфест привремено затворен поради голем број посетители

Фестивалот на пивото Октоберфест во Минхен беше привремено затворен во саботата поради прекумерна толпа, објави полицијата.

Организаторите и полицијата ја донеле оваа одлука поради реакција на посетители, кои се жалеле на клаустрофобија, врескале и барале помош.

Посетителите беа замолени преку звучници да престанат да чекаат во ред и да се упатат кон Централната станица во Минхен, пишува, Билд.

Овогодинешниот 190-ти Октоберфест започна на 20 септември и ќе трае до 5 октомври. Најголемиот светски фестивал на пиво обично привлекува до шест милиони посетители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот