министер за дигитална трансформација Стефан Андоновски фото МИА

Околу 200 000 граѓани вадат документи онлајн, на uslugi.gov.mk се издаваат по 13 200 месечно

Сите три потврди за неосудуваност (казнена, кривична и прекршочна евиденција), уверение за државјанство, петте најкористени услуги од Катастарот, потврдите за стаж од Агенцијата за вработување и Фондот на ПИОМ, се само некои од документите што граѓаните може да ги извадат онлајн и за многу кратко време од Националниот портал https://uslugi.gov.mk/.

Кога Порталот почна со работа се даваа по 1 200 услуги месечно, а сега по 13 200. Зголемен е и бројот на корисници, од околу 100 000 на 200 000, рече денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Според него, денес се скоро 70 институции „закачени“ на Платформата за интероперабилност, а во почетокот беа 40.

-Интероперабилноста значи дека тие веќе разменуваат податоци меѓу себе и како што најавив, до крајот на мандатот ќе се обидеме сите најкористени услуги од граѓаните да ги донесеме на Националниот портал https://uslugi.gov.mk/. Искористеноста е голема, од 1 200 услуги месечно што беа давани од порталот кога почна со работа, денес се 13 200, а бројот на корисници од околу 100 000 е зголемен на 200 000. Тоа значи дека граѓаните го препознаваат. Државјанство се вади целосно онлај и излегува за една минута, а потврдите за неосудуваност излегуваат за многу кратко време и не треба да одите до градот од каде потекнувате за да ги добиете, истакна Андоновски

Последна дигитализирана, напомена министерот, е услугата на Државниот завод за статистика што ја користат сите студенти при запишување година или семестар.

Андоновски на прес-конференцијата го најави претстојниот „Дигиталниот самит на Западен Балкан 2025 (WBDS25)“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот