
Оклопниот воз тргна кон С.Кореја, пеколниот договор на Ким со Путин сѐ уште е мистерија
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска ја заврши шестдневната посета на Русија, поаѓајќи со воз кон дома од станицата во Артјом, на рускиот Далечен Исток, пренесоа руските новински агенции.
Препорачано
Во видеото објавено од новинската агенција РИА, Ким, кој ретко ја напушта Северна Кореја, се гледа како мавта додека оди по црвениот тепих до возот, придружуван од воена група и руска делегација што го придружува.
Новинските агенции во своите натписи иако пишуваат за средбите на севернокорејскиот лидер со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, Путин но и другите високи руски воени преставници, во јавноста речиси не излегуваат информации за тоа што прецизно е разговарано или договорено по неговата посета на Русија.
Севернокорејските медиуми потсетија дека за време на неговата посета на Русија, на Ким му биле претставени руски стратешки бомбардери способни да носат нуклеарни боеви глави, како и хиперсонични ракети и воени бродови.
Од она што е познато е тоа дека Ким денеска пред неговото заминување посети и неколку фабрики за храна. Во средата тој се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, со кого разговараше за воените прашања, војната во Украина и продлабочувањето на соработката.
Во исто време интересно е што Ким за време на неговата посета присуствуваше на изведбата на балетот „Заспаната убавица“ на Пјотр Илич Чајковски во Русија и беше импресиониран, објави радиото Гласот на Кореја.
#WATCH : Comrade Kim Jong-un visited the Primorsky stage of the Mariinsky Theater. He watched the extravaganza ballet “The Sleeping Beauty” – a classic of Russian ballet.#KimJongUn #NorthKorea #Russia #MariinskyTheater #LatestNews #latest #latestnewsupdate #BREAKING_NEWS pic.twitter.com/9Go90lBPmu
— upuknews (@upuknews1) September 17, 2023
„Ким Џонг Ун ја пофали сценската изведба, која сликовито ја демонстрираше моќта на балетот преку прекрасни и извонредни уметнички слики и изрази длабока благодарност до изведувачите и персоналот на театарот“, објави радио станицата.
Балетот се одржа вчера во огранок на Маринскиот театар во руското пацифичко пристаниште Владивосток. Рускиот амбасадор во Северна Кореја Александар Масегора претходно изјави дека Ким изразил желба да присуствува на настапот бидејќи „многу ја сака уметноста“.
Инаку САД и нивните сојузници се загрижени за одмрзнувањето на односите меѓу двете соседни земји, во време кога Русија продолжува со нападите врз Украина, а Северна Кореја продолжува да ги развива своите нуклеарни и ракетни програми.