Оклопни возила, пушки и панцири: Косовската полиција влезе во експозитурите на Поштенска штедилница во српските општини

Со пушки и панцири косовската полиција упадна во подружниците на Поштенската штедилница во сите четири српски општини на северот на Косово и изврши рација, а кон Лепосавиќ се движи колона оклопни полициски возила. Координираната акција во Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток и рациите во подрачните единици на Поштанска Штединица започнала истовремено околу 15 часот, пренесува „Блиц“.

По упадот, клиентите на банката кои во тој момент биле во експозитурите на Поштанска штединица ги напуштиле просториите, додека пред зградите на банката во сите четири општини има припадници на косовската полиција вооружени со долги цевки.

Како што дознава „Косово онлајн“, припадници на специјалните единици се распоредени на неколку точки на улиците кои водат до банките. Косовската полиција упадна и во зградата на Управата за финансии во Северна Митровица. Во овој момент кон Лепосавиќ се движи колона оклопни полициски возила, пренесува „Косово онлајн“.

Се претпоставува дека оваа акција на косовската полиција има врска со спроведувањето на мерките на Централната банка на Косово и укинувањето на динарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот