Фото: Брза помош / илустрација

Охриѓанец паднал од третиот кат на зграда, со тешки повреди пренесен во болница

Охриѓанец вчера вечер паднал од третиот кат на зградата каде што престојувал и со тешки повреди бил пренесен во болница.

Според пријавата во полиција, 53-годишниот К.Д. паднал од зграда на улица „Даме Груев“ во Охрид.

– Со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот