Запален глисер во Охридско Езеро / Фото: МВР

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, пожарот зафатил зграда и автомобил

Полицајци рано утрово привеле 52-годишен охриѓанец, осомничен дека го запалил глисерот на својот брат, при што огнот се проширил и зафатил дел од зграда и патничко возило.

Инцидентот се случил утрово околу 02:33 часот, во дворно место на улица „Даме Груев“ во Охрид. Пожарот го изгаснала екипа на Територијалната противпожарна единица.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека е опожарен глисер и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски таблички, сопственост на 45-годишниот Ј.С., брат на осомничениот.

Приведениот З.С. (52) во службен разговор го признал делото и бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот