epa04718266 Two time NBA MVP Steve Nash participates during a demonstration class with directors and players of the NBA in La Habana, Cuba, 27 April 2015. EPA/ERNESTRO MASTRASCUSA

Официјално: Стив Неш ќе му биде тренер на Дурант

Легендарниот НБА кошаркар и официјално е промовиран во главен тренер на екипата на Бруклин нетс.

Неш денеска потпиша четиригодишен договор и од наредната сезона ќе им биде тренер на едни од најдобрите играчи во НБА лигата, Кевин Дурант и Кајри Ирвинг.

Во последните неколку недели сопственикот на Бруклин, Џо Цаи и генералниот менаџер Шон Маркс интензивно работеа на ангажирањето на Неш за главен тренер и денеска конечно успеаја да ја реализираат намерата.


– Чест ми е што добив можност да бидам тренер на Бруклин. Морам да им се заблагодарам на Шон и на Џо кои ми укажаа доверба да го предводам овој тим. Тренерската работа е нешто за што сериозно размислував во последно време – изјави Неш.

Стив Неш играше 19 години во НБА и тоа за екипите на Феникс, Далас и ЛА Лејкерс, а три пати беше избран во најдобриот тим на лигата и два пати го добиваше МВП признанието за најдобар играч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот