фото: facebook.com/fcrabotnicki

Официјално: Валон Ахмеди е нов фудбалер на Работнички

Валон Ахмеди (30) е најново засилување на фудбалскиот клуб Работнички и доаѓа како слободен агент.

Ахмеди е офанзивен играч за врска, кој може да игра и на крилните позиции.

Во кариерата има настапувано за Судтирол, Целје, Марибор, Кирјан Шмона, Интер Запрешиќ, Шкендија, Шахтер Солигорск.

Претходно оваа зима нови „романтичари“ станаа и Медин Бајрами, Анес Рушевиќ и Миле Тодоров, додека Никола Манојлов и Игор Алексовски ги продолжија своите договори.

Работнички оваа сезона е во трка за шампионската титула во првенството, моментно го дели врвот по есенскиот дел заедно со Силекс и Шкендија со по 37 бодови.

Првиот меч од пролетниот дел во сезоната скопскиот клуб ќе го има за два дена на 16 февруари на гостински терен против Шкупи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот