Фото: Неделник.рс

Официјално: САД воведоа санкции за Нафтената индустрија на Србија

Министерството за финансии на САД воведе санкции за нафтената индустрија на Србија (НИС).

Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) објави ажурирана листа на санкционирани лица и компании, во која се споменува и српската нафтена индустрија, објави српските медиуми.

Во одлуката се наведува дека санкциите се воведени според Извршниот налог 14024, кој се однесува на „блокирање на средства во однос на одредени штетни странски активности на Владата на Руската Федерација“.

Санкциите беа наметнати и според Извршниот налог 13662 – „Блокирање на имотот на дополнителни лица кои придонесуваат за ситуацијата во Украина“.

Во одлуката се наведува дека се воведени санкции за НИС поради поврзаноста со Гаспромњефт
Најголем акционер на НИС е Гаспромњефт, кој има 50 отсто од сопственоста на компанијата, додека 6,15 отсто и припаѓаат на нејзината матична компанија Газпром.

Република Србија поседува 29,87 отсто од капиталот, а 13,98 отсто од компанијата е во сопственост на мали акционери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот