фото: asmonaco.com

Официјално: Пол Погба е нов фудбалер на Монако

Како што и се најавуваше тоа денеска го потврди францускиот фудбалски клуб Монако, нов играч на екипата е Пол Погба (32).

Францускиот фудбалер од средниот ред официјално потпиша договор на две години до 30 јуни 2027 година.

Погба се враќа во фудбалот откако ја отслужи суспензијата поради употреба на недозволени супстанци.

Својот последен натпревар го имаше во дресот на Јувентус на почетокот на септември 2023 година против Емполи, а потоа јавноста беше шокирана од скандалот со допинг.

На почетокот на минатата година, Погба ја заврши соработката со „старата дама“, а сега е време да се врати на големата сцена. За време на неговата професионална кариера играше за Манчестер јунајтед и Јувентус.

Со Јувентус освои четири титули, три во Суперкупот и две во во Купот на Италија, а со Јунајтед еднаш го освои пехарот во Лигата на Европа и два во Лига купот.

Во 2018 година со најдобрата француската репрезентација ја освои титулата светски шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот