Хенрик Мхитарјан минатата сезона настапуваше за Рома/фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Официјално: Мхитарјан две години во Интер

Италијанскиот вицешампион Интер го потврди потписот со Хенрик Мхитарјан кој претходно ја напушти Рома.

Поранешниот репрезентативец на Ерменија не успеа да се договори за продолжување на соработката со „римската волчица“, па потпиша двегодишен договор со Интер.


Мхитарјан е петтото засилување за „нераѕурите“ во летниот преоден рок, пред него на „Џузепе Меаца“ пристигнаа Ромелу Лукаку на едногодиша позајмица, поранешниот голман на Ајакс Андреа Онана, младиот Албанец Арслани и напаѓачот Хоакин Кореа.

Претходно во кариерата Мхитарјан настапуваше и за Борусија Дортмунд, Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!