фото: facebook.com/marko.gjorgjievski

Официјално: Марко Ѓорѓиевски во нападот на ФК Силекс

Фудбалскиот клуб на Силекс пренесува дека нов играч на тимот е 22-годишниот напаѓач Марко Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски започна во Борец чиј дрес го носеше од 2017 до 2019 година, потоа се пресели во срспкиот Вождовац, па беше на позајмица во Раднички Пирот од Србија и нашиот актуелен шампион Шкупи.

Есенскиот дел оваа сезона го помина во Академија Пандев каде во шампионатот запиша вкупно 13 настапи. Ги бранеше и боите на У19 и У21 селекцијата на Македонија.

Претходно клубот од Кратово информираше дека договорите до 2025 година ги продолжија Бојан Рајков и Дарко Анѓелески.

А ново засилување е и младинскиот репрезентативец, досегашниот член на прилепска Победа, Хамза Рамани.

Силекс по 17 одиграни кола во Првата лига се наоѓа на петтата позиција со 26 бодови, колку што има и четвртопласираниот Тиквеш, а само два помалку од Шкендија на третата позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот