фото: kfshkendija.com

Официјално: Егзон Белица во одбраната на ФК Шкендија

Фудбалскиот клуб Шкендија ја извести јавноста дека нов играч на актуелниот македонски првак е 34-годишниот дефанзивец Езгон Белица.

Стружанецот успешно ги помина медицинските прегледи и официјално потпиша едногодишен договор со тетовските „црвено-црни“ со опција за продолжување доколку двете страни останат задоволни.

Возбуден поради потпишувањето со Шкендија и враќањето во средината каде што пред 12 години беа направени првите чекори за изградба на тим кој ќе доминира на домашната сцена и ќе се снајде добро во Европа, Белица високо го цени подемот на клубот во текот на годините. Тој доаѓа со доверба дека клубот ги има сите параметри да продолжи со успех во наредниот период.

Белица претходно играше за Шкендија во 2013 година како едно од првите засилувања откако компанијата „Еколог“ влезе во клубот.

Во кариерата настапуваше за Интер Турку од Финска и Рига од Летонија, со Партизани Тирана стана шампион на Албанија, а со Приштина дојде до пехарот во Купот на Косово. Во последните две сезони ги бранеше боите на Работнички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!