
Официјално: Доривал Жуниор е нов тренер на Коринтијанс
Поранешниот селектор на бразилската фудбалска репрезентација, Доривал Жуниор, е назначен за нов тренер на Коринтијанс, објави бразилскиот клуб, со важечки договор до декември 2026 година.
Препорачано
Искусниот 63-годишник беше отпуштен од функцијата селектор на Бразил по убедливиот пораз од 4:1 од Аргентина во квалификациите за Светското првенство минатиот месец.
Тој ќе го наследи Рамон Дијаз во Коринтијанс, а тимот моментално е на 12 место на табелата со само седум бода од шест натпревари.
„Ова е важен момент во мојата кариера. Се надевам дека ќе оставам трага преку работата што веќе е започната. Навивачите се лојални и никогаш не се откажуваат. Тоа е обележје на клубот. Се надевам дека ќе го почувствувам сето тоа. На крајот од сезоната, се надевам дека ќе се бориме за сите трофеи во натпреварувањата во кои играме – рече Доривал.
Поранешниот селектор на Бразил, Тите, кој минатата недела објави дека прави пауза на неодредено време од кариерата, исто така се поврзуваше со клупата на Коринтијанс.
COLETIVA DE APRESENTAÇÃO! 🎙️
Hoje, por volta das 13h, o técnico Dorival Júnior concederá a sua entrevista coletiva de apresentação como treinador do Corinthians. ⚫⚪
Acompanhe AO VIVO na Corinthians TV 👉🏽 https://t.co/Uy9qMboBOU#BemVindoDorivalJúnior#VaiCorinthians pic.twitter.com/EgHYlJ0Fve
— Corinthians (@Corinthians) April 29, 2025