Луис де ла Фуенте/фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Официјално: Де Ла Фуенте останува селектор на Шпанија

Луис Де Ла Фуенте од денеска и официјално има нов договор како селектор на шпанската фудбалска репрезентација.

Управниот одбор на Федерацијата го потврди обновувањето на соработката со успешниот тренер на А тимот до крајот на Европското првенство во 2028 година, пренесува „Марка“.

Де Ла Фуенте колективно е убедливо најуспешниот стручњак во шпанската федерација.

За 11 години (во федерацијата од 2013 година) го освои Европското првенство со играчи до 19 години (2015), титулата ја потврди со селекцијата до 21 година (2019), освои злато на Медитеранските игри (2018), сребро на Олимпијадата во Токио (2021).

Со А тимот, кој го презеде на 12 декември 2022 година по Светското првенство во Катар, прво го крена трофејот од Лигата на нации (2023), а потоа и пехарот на ЕП 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот