Фото: EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

Официјално: Барселона го отпушти Чави

Oд редовите на Барселона денеска и официјално потврдија дека Чави наредната сезона нема да биде тренер на првиот тим.

Чави така ја напушта Барселона по речиси три сезони на клупата во кои успеа да ја освои Ла Лига и шпанскиот Суперкуп, но актуелната сезона ја заврши без трофеј.

Посебно интересно во ситуацијата на Чави е што во јануари тој најави заминување, а клубот го убедуваше да остане. Кога ја прифати понудата, ситуацијата се промени неодамна по натпреварот со Алмерија.

По оваа средба Чави имаше изјава во која зборуваше за лошата финасиска состојба во клубот и тоа не било најдобро прифатено од раководството. Одржан беше вонреден состанок на кој на крајот се потврди неговото заминување.

Засега официјална потврда нема, но се очекува Ханси Флик да го наследи на клупата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!