ОЕЦД: Царинските бариери го забавуваат глобалниот економски раст

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) благо ја намали прогнозата за светскиот економски раст за 2025 година поради послабите проекции за растот во САД и во еврозоната. Во 2025 година, ОЕЦД очекува економски раст од 3,1 отсто во споредба со 3,3 отсто што ги прогнозираше во декември, поради „растот на царинските бариери во неколку економии од Г-20“ и „неизвесноста за геополитичката ситуација и економските политики кои тежат врз инвестициите и потрошувачката на домаќинствата“.

Се предвидува раст од три отсто во 2026 година, наспроти 3,3 отсто во претходниот извештај. Таа економска институција очекува и повисока инфлација од претходно предвидуваната. Годишниот економски раст на САД, исто така, се предвидува да забави од неговото неодамнешно силно темпо на 2,2 отсто во 2025 година и 1,6 отсто во 2026 година, што е намалување од претходно прогнозираниот раст од 2,4 отсто оваа година и 2,1 отсто следната година, пренесува Данас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот