Орце Ѓорѓиевски - Фото Слободен печат / Методи Здравев
Орце Ѓорѓиевски - Фото: Слободен печат / Методи Здравев

Одредени политички партии и групации сакаат да профитираат политички од подметнатите пожари, вели Ѓорѓиевски

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ рече дека некој упорно го потпалува градот и дека за тоа мора да има одговорност.

Тој во ,,Утринско еспресо“ на Радио Лидер, рече имаат „борба со нелуѓе коишто за да профитираат политички се во состојба да загрозат и човечки животи“.

„Тоа и претседателот на Владата го кажа вчера, кој од сето ова профитира, и на кого му одговара ваква состојба да го доведе народот во заблуда и ова да биде главна тема“, рече Ѓорѓиевски.

Според Ѓорѓиевски, доколку имало еден ваков случај, тогаш можело да се прават разни претпоставки, но вели дека истрагата треба да биде насочена и да се открие кој профитира од овие настани.

„Еве ако немаше на другите позиции материјален доказ, сега има материјален доказ. И евидентно е дека треба истрагата да оди во насока да се види на кого сето ова му одговара. Да се случеше еден случај ваков, и да имаше снимка од тој случај тогаш можеме ние разни претпоставки да имаме која е причината за сето тоа“ вели Ѓорѓиевски.

„Последователно во период од 20 дена каде што на одредени политички партии и групации, главна кампања им е загадувањето во Скопје за којшто имаа шанси години наназад да извлијаат и да ја подобрат состојбата. Тоа да им биде целодневна преокупација, и само за истото да говорат и да имаат по неколку јавни настапи, тогаш мислам дека јасно треба да ни е на сите. Само објективно согледувам кои се фактите и кој од ова може да профитира. На кого ова му оди во прилог“, заклучи Ѓорѓиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот